Охридскиот кардиолог Никола Бакрачески стана член на престижниот Американски колеџ за кардиологија
31.03.26 14:36
Охридскиот кардиолог Д-р Никола Бакрачески стана член на престижниот Американски колеџ за кардиологија.
Титулата соработник на Колеџот, со која Д-р Бакрачески се вбројува во групата на еминентни кардиоваскуларни професионалци, признати и почитувани од глобалната кардиолошка заедница во светот, му беше официјално врачена на свечена церемонија на најголемиот и најзначаниот годишен собир на кардиолози од целиот свет во организација на најмоќната заедница на кардиолози на американскиот континент- American College of Cardiology, во Њу Орлеанс, САД.
Претходно, во јануари 2025 година, Д-р Бакрачески беше избран и за за соработник на Европското здружение за кардиологија FESC (Fellow of the Europian Society of Cardiology) – престижна заедница на еминентни кардиоваскуларни професионалци признати и почитувани од глобалната кардиолошка заедница.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид реализираа посета на Одделот за геријатрија при О...
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Специјализираната болница за нефрологија и дијализа од Струга во сабота, 21 ноември, организираат едукативна трибина насловена „Да збо...
Охрид во март 2027 година ќе биде домаќин на 30 јубилејно годишно собрание на Европската едриличарска федерација (ЕУРОСАФ) Кандидатурата на Едриличарската федерација на Македонија (ЕФМ) беше едногл...