Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на турнирот во Мадрид. Најдобриот тенисер во светот до титулата стигна победувајќи го грчкиот тенисер Стефанос Циципас во два сетови (6-3 и 6-4).

Ѓоковиќ до титулата во Мадрид стигна со одлична игра во текот на целиот турнир. Србинот не изгуби ниту еден сет до финалето, а и таму ја потврди добрата форма совладувајќи го Циципас, кој со елиминацијата на Рафа Надал покажа дека може да се носи со големи противници.

Со третата титула од турнирот во Мадрид, Ѓоковиќ се изедначи со Надал на вечната листа на освојувачи на титули од мастерсите. Двајцата тенисери имаат по 33 титули.

OhridNews