Општина Охрид започнува соработка со белградската општина Стари Град
06.04.26 13:01
Општина Охрид започнува ново поглавје на соработка и поврзување. Во оваа насока е потпишан Меморандумот за пријателство и соработка помеѓу Општина Охрид и белградската општина Стари Град – историското и културното срце на Белград.
Ова претставува вовед во официјалното збратимување на нашите општини и отвора врати за размена на искуства во локалната самоуправа, културна соработка и промоција на заедничките вредности, проекти во образованието за нашите млади, развој на туризмот и поголема регионална поврзаност, вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Верувам дека оваа соработка ќе донесе конкретни придобивки за нашите граѓани и ќе послужи како пример дека заедничкиот напредок се гради преку силна меѓународна поддршка, потенцира Пецаков.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид реализираа посета на Одделот за геријатрија при О...
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Специјализираната болница за нефрологија и дијализа од Струга во сабота, 21 ноември, организираат едукативна трибина насловена „Да збо...
Охрид во март 2027 година ќе биде домаќин на 30 јубилејно годишно собрание на Европската едриличарска федерација (ЕУРОСАФ) Кандидатурата на Едриличарската федерација на Македонија (ЕФМ) беше едногл...