Денес се одбележува 21 Март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Овој ден нè потсетува дека различностите не се пречка, туку вредности што нè прават почовечни, велат од Општина Струга.
Овој ден нè повикува да размислиме и да делуваме: да ги гледаме способностите, а не ограничувањата. Лицата со Даунов синдром имаат право на почит, вклученост, образование, здравје и еднакви можности да го изградат својот живот онака како што посакуваат. Да не ги спомнуваме само денес. Да ги поддржуваме секој ден. Да изградиме пофер и поинклузивно општество, велат од Општина Струга.
Воедно, информираат дека Општината во понеделник во 12:00 часот во центарот на градот, под водство на градоначалникот Менди Ќура, ќе организира настан за подигнување на свеста.
Дојдете да бидеме заедно за кауза која заслужува наше секојдневно внимание, порачуваат.

Околу 50-65% од бебињата со Даунов синдром имаат вродена срцева маана.
Н.С.Ј.













