Темните подочници под очите можат да влијаат и на мажите и на жените од сите возрасти. Од оваа непријатност можете да се ослободите со најразлични медицински препарати. Но, ако сакате да останете што подалеку од најразличните третмани и хемикалии постојат природни начини да се ослободите од овие темни кругови.

Најпрво, заштитете ја чувствителната кожа околу очите, преку избегнување на вообичаените причини кои можат да ја предизвикаат оваа појава. Започнете со тоа што доволно ќе се наспиете во текот на ноќта (барем седум или осум часа се препорачува од повеќето здравствени експерти). Недостатокот на сон не само што може да ве направи да се чувствувате уморни тоа најчесто влијае и на вашето здравје, и е чест предизвикувач на темни кругови под очите. Исто така потрудете се да го намалите директното изложување на сонце.

И покрај овие мерки на претпазливост, доколку ви се појават подочници, можете да се обидете да ги излечите. Земете влажна и ладна марамица и ставете ја на очите откако ќе се разбудите наутро и оставете ја по 15 минути на секое око посебно. Ќесичките од чај исто така може да ви помогнат околу подочниците. Подгответе чај од камилица и зачувајте ја неговата ќесичка. Откако ќе се излади ставете ја на очите за да ја смири кожата и да ги намали подочниците. Исто така можете да се обидете истото да го направите и со краставици. Оние филмски сцени во кои актерките ги покриваат очите со овој зеленчук не се само шоу. Краставиците навистина делуваат во намалување на подочниците и ја хидрираат вашата кожа.