Студенти од Фaкултетот за туризам и угостителство Охрид викендов на градскиот плоштад во Охрид организираат осмомартовска продажба на цвеќиња со која се придружија кон хуманитарната акција за поддршка на младата охриѓанка Ева, која се бори со тешка болест и се наоѓа на лекување во странство.

Хуманитарната продажба на цвеќе под мотото ‘Еден Мал Цвет – Една Голема Добрина’, ќе продолжи и утре.

Ваква акција студентите на ФТУ Охрид реализираа и минатата година, а идејата е таа да премине во традиција, вели проф. д-р Зоран Тунтев –  иницијатор на акцијата.

Охрид е обединет во напорите за спас на младиот човечки живот. Покрај бројните акции и иницијативи за поддршка на Ева, отворен е и број за донации на мобилниот оператор „Телеком“ – 143126.

Средства за лекување на малата Ева може да се донираат и на платформата ecrowd.mk, како и на специјалната сметка за таа намена во Комерцијална Банка: 300017123936746.

Лекувањето на Ева чини 15,5 милиони денари. Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Секој придонес значи чекор поблиску до нејзиното оздравување. Секоја споделена порака значи надеж повеќе.

Г.М.