Од утре, 2 април, до сабота, 4 април, „Home center“ на компанијата „Ангел Тренд“ слави 8 години успешно работење. По тој повод за купувачите нуди роденденски попусти на широкиот асортиман на производи.

Целиот асортиман на производи во овие два дена ќе биде со 15% попуст, како и на велигденските украси, 20% на играчки, теписи и санитарија, додека 30% на детски текстил и детски папучи.

Воедно, за купувачите, роденденски ќе биде понудена и дегустација на пица.

„Home center“ на компанијата „Ангел Тренд“ е сместен во деловниот комплекс кај кружниот тек на ул „15 Корпус“, наспроти ЕМУЦ.  Нуди богат избор на различни производи за домаќинство, квалитетни производи и играчки од светски брендови, предмети за уредување на домашни паркови и тераси, теписи, стази, санитарија, осветлување, како и специјален продажен простор за долна облека и постелнини од познати македонски компании.

Осум години „Home center“ на „Ангел Тренд“, голем роденденски попуст

OhridNews/PR