Отсекот за превенција при СВР Охрид отпочна со реализација на проектот „Мојот пријател полицаец“
31.01.26 11:54
Отсекот за превенција при СВР Охрид отпочна со реализација на проектот „Мојот пријател полицаец“.
Полициски службеници од СВР Охрид, ги посетија децата од предшколска возраст во детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид каде низ типизирана проактивна комуникација на најмладите им беше објаснета улогата и значењето на полицаецот во општеството, што е безбедност и каква е полициската работа, зошто треба да се почитуваат сообраќајните знаци и им беше извршена презентација, прилагодена на нивната возраст, на дел од полициската опрема што се користи при извршувањето на полициските задачи, велат од СВР Охрид.
Целта на овој проект е приближување на полицијата до децата како најмлада категорија граѓани, развивање на чувство на припадност и прифаќање на полицијата како нивен пријател но и градење на нивната безбедносна култура, потенцираат.
Проектот „Мојот пријател полицаец“, додаваат, ќе се реализира и во останатите детски градинки на подрачјето на СВР Охрид.
Бродовите Александрија 1 и 2 во недела, 20-ти септември, по повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“ ќе пловат до манастирот во Калишта по симболичн...
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со реакција на обвинувањата од СДСМ Охрид поврзани со образованието Во неа велат дека учебната година започна навреме во сите училишта во Охрид и ниту едно дете не е оставено бе...
Tрадиционалната хуманитарна спортско-рекреативна манифестација „За посреќно детство“ во организација на Црвен крст Охрид, а во партнерство со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, ќе се реализира у...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.