Охрид е обединет во уште една битка за спас на млад човечки живот. На малата Ева потребна и е нашата помош за да продолжи да трча, да се смее и да сонува. Ова радосно, љубопитно и храбро дете се соочува со остеосарком, редок и агресивен малиген карцином на коските. Ваквата дијагноза не може да се лекува во Македонија. Покрај бројните акции и иницијативи за поддршка на Ева, отворен е и број за донации на мобилниот оператор „Телеком“ – 143126.
Средства за лекување на малата Ева може да донирате на платформата ecrowd.mk, како и на специјалната сметка за таа намена во Комерцијална Банка: 300017123936746.
Лекувањето на Ева чини 15,5 милиони денари. Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Секој придонес значи чекор поблиску до нејзиното оздравување. Секоја споделена порака значи надеж повеќе.
OhridNews














