Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 92,8, или забележува намалување од 7,2 отсто.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 3,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од седум отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 10,3 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во април оваа година, во однос на истиот период минатата година, бележи опаѓање кај Енергија за 27,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,3 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 57,7 отсто, додека бележи пораст кај Капитални производи за 1,2 и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-април оваа година, во однос на периодот јануари-април лани, изнесува 91,9.