Фудбалерите на Џенова чекорат кон сигурен опстанок во италијанската Серија А, откако пред своите гледачи на „Лујџи Ферари“ стадионот со 2-0 го совладаа тимот на Интер.

Џенова до третата победа во низа дојде со автоголот на Андреа Ранокија во 45-та минута и погодокот на Горан Пандев во 59-та минута од натпреварот. „Гранде Пандев“ со овој погодок продолжи да ги полни мрежите на своите поранешни екипи. Претходно, нашиот фудбалски репрезентативец погоди во дуелот со Лацио на „Олимпико“.

Поразот на „нероазурите“ максимално го искористи Рома која со триумфот 2-0 над Удинезе се искачи на третата позиција од табелата. Интер може да падне уште една позиција на табелата односно да биде потиснат од ТОП 4, но тоа ќе зависи од исходот на Лацио со Верона. 

Резултати: Удинезе – Рома 0-2, Киево – Каљари 2-1, Џенова – Интер 2-0.

OhridNews