Парковските содржини на градскиот плоштад и кај Холандскиот парк збогатени со аранжмани со симболиката на големиот христијански празник-Велигден.

Комбинацијата од интересни декоративни елементи, цвеќиња во боите од пролетта и украсни садници оставаат силен впечаток и им даваат посебна свежина на парковите, велат од ЈП Охридски Комуналец.

Воедно, посочуваат дека во насока на одбележување на април како месец на лалето во градскиот парк се засадени лалиња во широк спектар на бои.

OhridNews