Оттаму информираат дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по суви и чисти коловози. Се препорачува особена внимателнност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот.
– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ.
.