Дигиталниот центар „CODE“ (Center of Digital Excellence) во нашиот нов братски град Веспрем е концепт кој што му е потребен на Охрид, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков посочувајќи ги притоа можностите кои истиот ги нуди.

Овој концепт е токму она што му е потребно на Охрид – место каде технологијата и иновациите стануваат достапни за сите генерации. „CODE” претставува простор каде младите ги развиваат вештини за иднината, како употребата на VR и AR технологија за презентација на културното наследство. Претставува и место за соработка на локалните претприемачи и ИТ заедницата, вели Пецаков.

Потенцира дека ​искуството од Веспрем во имплементацијата на вакви проекти ќе биде од огромно значење за Охрид.

​Продолжуваме да го градиме и развиваме Охрид со визија за иднината, додава Пецаков.


Инаку, градоначалниците на Охрид и Веспрем, Кирил Пецаков и Ѓула Порга, во Унгарија потпишаа Договорот за збратимување, со што се отвора ново поглавје на партнерство помеѓу овие два града во повеќе области како култура, туризам, образование, спорт, дигитализација…

OhridNews