Нема зборови со кои може да се опише колку е значајна и незаменлива вашата улога во семејството и во општеството. Со вашата сила, мудрост, посветеност и љубов, секојдневно го правите светот поубав и посреќен, вели во честитката по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март упатена до припадничките од понежниот пол, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

‎Вашиот труд и пожртвуваност се препознаваат во сите сфери на животот, а нашата заедница е посилна токму благодарение на вас.

‎‎Нека овој ден биде потсетник за почитта и благодарноста што ја заслужувате секој ден. Ви посакувам здравје и уште многу лични и професионални успеси.

‎Среќен 8-ми Март!, додава градоначалникот во честитката по повд 8-ми Март.

OhridNews