Министерот за локална самоуправа, Златко Перински оствари работна посета на Општина Вевчани каде одржа средба со градоначалникот Спасе Кочовски, како и со членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за имплементацијата на проектите одобрени во 2025 година, како и за најитните потреби за поддршка од централната власт.

Нашата цел во периодот што следи е да создадеме функционална законска рамка која ќе ја олесни и поттикне меѓуопштинската соработка, но и да обезбедиме конкретна институционална и експертска поддршка преку Ресурсниот центар. Само преку заеднички пристап и координација можеме да обезбедиме одржлив локален развој и вистински резултати за граѓаните, истакна Перински.

Во рамки на програмите на Министерството за локална самоуправа за 2025 година, во општина Вевчани успешно се реализираа три проекти со вкупна вредност од 1.728.509,00 денари, насочени кон подобрување на енергетската ефикасност на објектот на детската градинка преку поставување на фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија, јакнење на општинските капацитети и капацитетите на комуналното претпријатие преку набавка на потребна опрема. Овие инвестиции директно придонесуваат за подобри комунални услуги, поголема ефикасност на општинските служби и поголема заштита на животната средина, истакна Кочовски.
Посетата на Општина Вевчани беше во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“.
OhridNews












