Деновиве се навршува 10 годишнина од смртта на холивудската легенда Франк Синатра, а во негова чест е пуштена во продажба поштенска марка со неговиот лик.

Марката е пуштена во продажба по цена од 42 центи, а ја промовирал Алан Кеслер, управник на одборот од поштенската управа.


„Франк Синатра беше прва модерна ѕвезда на нашата земја. Имаше изглед и шарм, талент и вештина, креативност, отпорност и стил“, рекол Кеслер.

На свеченоста во Вашингтон поканети биле синот на Синатра, Франк помладиот и неговата ќерка Ненси, а во план се уште две свечености кои ќе се одржат во Лас Вегас, на кои ќе присуствува неговата друга ќерка, Тина.