По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова
01.04.26 14:42
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид 2 април – Светскиот ден на литературата за деца утре од 12.00 часот ќе го одбележи со промоција на приказните за деца „Тапшин танана“ од Божана Атанасова.
Роднокрајната авторка Атанасова е родена 1944 година во село Лактиње и по струка е медицинска сестра во пензија. Автор е на книгите „Митуш“ (2013), „Водици“ (2016), „Талкачи по виножитото“ (2016), „Во приквечерината“ (2021) и „Низ прозорецот“ издадена 2022 година.
„Тапшин танана“ содржи 17 приказни кои влечат корени од нејзиното детство, но и инспирирани од секојдневието на авторката Атанасова со нејзините внуци Димитар и Искра кои се сега возрасни луѓе.
Издавач на најновата книга е НУ Библиотека „Григор Прличев“, а промотор ќе биде м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар. Извадоци од приказните за деца ќе чита библиотекарката Бети Лазеска – Симоноска.
За значењето на книгата и Светскиот ден на литературата за деца ќе зборува Христина Трпеска директорката на Библиотеката.
Втори април како ден на книгите за деца ширум светот се слави од 1967 година. УНЕСКО, всушност на овој начин го одбележува и роденденот на големиот дански писател на бајки Ханс Кристијан – Андерсен.
Вчера во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со СУП даски пловеле во водите на Охридско Езеро на околу 1000 метри од езерс...
По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење, информираат од Општина О...
Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“ Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 ч...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.