По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова
01.04.26 14:42
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид 2 април – Светскиот ден на литературата за деца утре од 12.00 часот ќе го одбележи со промоција на приказните за деца „Тапшин танана“ од Божана Атанасова.
Роднокрајната авторка Атанасова е родена 1944 година во село Лактиње и по струка е медицинска сестра во пензија. Автор е на книгите „Митуш“ (2013), „Водици“ (2016), „Талкачи по виножитото“ (2016), „Во приквечерината“ (2021) и „Низ прозорецот“ издадена 2022 година.
„Тапшин танана“ содржи 17 приказни кои влечат корени од нејзиното детство, но и инспирирани од секојдневието на авторката Атанасова со нејзините внуци Димитар и Искра кои се сега возрасни луѓе.
Издавач на најновата книга е НУ Библиотека „Григор Прличев“, а промотор ќе биде м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар. Извадоци од приказните за деца ќе чита библиотекарката Бети Лазеска – Симоноска.
За значењето на книгата и Светскиот ден на литературата за деца ќе зборува Христина Трпеска директорката на Библиотеката.
Втори април како ден на книгите за деца ширум светот се слави од 1967 година. УНЕСКО, всушност на овој начин го одбележува и роденденот на големиот дански писател на бајки Ханс Кристијан – Андерсен.
Учениците од ООУ „Григор Прличев“ постигнаа извонредни резултати на Државниот натпревар по македонски јазик кој се одржа во Скопје Теодора Наумова од VIII одд се круниса со наградата – државен прва...
Успешно заврши манифестацијата „Детски Прличеви беседи“ што годинава се одржаа по трет пат во организација на ЗГ „Охрид Култ 366“, а под покровителство на Општина Охрид Ученици од повеќе македонски...
Единаесеттото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“ ќе биде отворено вечерва со претставата „Маски“ во предворјето на црквата Света Софија со почеток во 20:...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.