По шест години од периодот пред короната, повторно е воспоставен директен лет на релација Милано–Охрид, што претставува значаен момент за пациентите од Италија кои доаѓаат на стоматолошки третмани во центарот „Д-р Баткоски“. Пациентите од Италија и во годините кога немаше директна авиолинија континуирано доаѓаа во Охрид и го избираа центарот „Д-р Баткоски“, а со повторното воведување на летот нивното доаѓање сега станува уште поедноставно и покомфорно.

Станува збор за пациенти кои доаѓаат за нови случаи, нови третмани и нови трансформации, но и за продолжување на приказни започнати уште пред години. Дел од нив повторно се враќаат таму каде што веќе добиле квалитет, сигурност и професионален однос, а дел допрва ќе го започнат своето искуство со центарот што веќе изгради препознатливост и кај домашни и кај странски пациенти.

Повторното воспоставување на директниот лет Милано–Охрид е многу важен момент, не само за нас како центар, туку и за пациентите од Италија кои со години доаѓаат кај нас. Тие и во изминатиот период патуваа до Охрид, иако немаше директна линија, што е најдобра потврда за довербата што ја имаме изградено. Сега, со оваа можност, нивното доаѓање станува уште полесно и попрактично, а тоа е добро и за пациентите, и за развојот на стоматолошкиот туризам во Охрид, вели спец. д-р Небојша Баткоски, сопственик и управител на стоматолошкиот центар.
Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и претходно развиваше работа со пациенти од странство, особено од Италија, а Охрид веќе подолг период се гради и како дестинација каде стоматолошките услуги се спојуваат со современ пристап, персонализирани планови за третман и престој на охридската ривиера. Центарот во изминатиот период дополнително го зацврсти својот меѓународен профил преку воведување нови технологии, развој на имплантолошки услуги и активности што го прават препознатлив и надвор од Македонија.

OhridNews












