По 35 години, повторно е откриена ранохристијанската базилика во селото Радолишта.

-Базиликата која е конзервирана пред 35 години е откриена со цел да се изврши увид на состојбата на мозаиците.-изјави археологот Цветлана Василеска.

Мозаиците се во добра состојба, вели конзерватоторот за мозаици Томе Филов, кој ја скенира состојбата на базиликата во Радолишта.

Нема поголеми оштетувања. На некои места има разнишани тесари и нивно отпаѓање. Главен проблем е вегетацијата во фугата, тоа се мали коренчиња меѓутоа со одреден степен на влага тие растат и ги оштетуваат тесарите. Друг проблем нема, не се воочени механички оштетувања, исто така нема и хемиски оштетувања, но мора да се промени песокта за заштита која стои повеќе од 35 години и да се стави нов слој за заштита.-истакна конзерваторот Филов.

Истражувачките активности што ги спроведува од музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга, ќе да дадат насока на кој начин археолошкиот локалитет познат како „Цигански гробишта“ ќе биде зачуван во иднина. Вредните мозаици откриени кај струшко Радолишта потекнуваат од периодот на 5 или 6 век од нашата ера и се сметаат за едни од најзначајните во Македонија.

OhridNews