Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П. „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека на ден 26.03.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.
Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и картон/хартија во жолтата и сината канта. Нашата иднина зависи од секој еден од нас, велат од претпријатието.
Посочуваат дека со цел поефикасно собирање на селектираниот отпад од домаќинствата кадешто веќе се доделени кантите за селекција, направени се измени во календарот за подигнување.
Новите дати се објавени, а календарот ќе ви биде доставен и по пошта. Потсетуваме дека доколку се појават проблеми во подигнувањето или имате прашања во врска со селекцијата на отпадот, слободно барајте нѐ на зелениот телефон достапен на нашите социјални мрежи, додаваат од претпријатието.
OhridNews














