Законот за работно ангажирање на лица воведува правна сигурност и фер правила за сезонска и повремена работа, обезбедува пријавена работа, пензиски стаж, осигурување при повреда на работа, зачувување и поедноставена електронска на социјалните права на работниците, како и регистрација за работодавачите.

Ова беше посочено на денешната информативната сесија „Фер ангажман“ која се одржа во Охрид а беше посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. Настанот се организираше во рамки на кампањата „Фер ангажман“ како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, кој е поддржан од Сојузна Република Германија, а го спроведуваат Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и креирање политики (ЦИКП) во соработка со Центарот за истражување и Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување.

Целта на сесијата беше јасно и практично да се информираат работодавачите од секторите на дејност земјоделие, туризам, угостителство, услуги во домаќинството, како и пошироката јавност за придобивките и правата уредени со Законот.

Кампањата „Фер ангажман“ има за цел да создаде поефикасен, законски и фер систем за ангажирање на сезонски и повремени работници. Овој пристап овозможува сигурност за работниците и ефикасност за работодавачите и е дел од пошироката поддршка на Германија за реформите на пазарот на трудот и намалување на неформалната економија во Северна Македонија. Граѓаните и работодавачите од дејностите преку е-Работа на Агенцијата за вработување имаат можност да го искористат ова право за воспоставување на фер ангажман, истакнаа претставниците од проектот.

Во рамки на сесијата беа презентирани клучните аспекти на Законот и категориите лица кои можат да бидат работно ангажирани, правата и обврски на работниците и работодавачите, електронскиот систем за пријава и одјава (е-Работа).

По одржаните сесии во Тетово, Прилеп, Неготино, Куманово, Струга и Охрид кампањата продолжува во Струмица на 28 април.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска