Кристијано Роналдо ги помести границите во модерниот фудбал постигнувајќи погодок каков ретко се гледа на терените ширум светот. Предводникот на „кралевите“ на дуелот со Јувентус во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони се дигна до „небесата“ и со ножички го матираше Џиџи Буфон. Аплаузот од трибините во Торино и неверувањето на Зинедин Зидан доволно говорат за погодокот на Роналдо.

OhridNews