По повод годишнината од смртта на Методи Патчев, делегација на Општина Охрид, предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник, денеска положи свежо цвеќе на неговото спомен обележје во градскиот парк.

Свежо цвеќе на спомен обележјето на охридскиот револуционер положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од Општинското основно музичко училиште „Методи Патчев“, Сојузот на борци и претставници на политички партии.

Војводата Методи Патчев, животот го загубил на 7 април 1902 година во Кадино Село во близина на Прилеп. По опколувањето од турскиот аскер и долгата борба на  комитите не им преостанало ништо друго освен да се предадат или да умрат. На повикот од аскерот да се предадат одговориле дека македонски борци не се предаваат. Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.

OhridNews