За Велигденските празници долж Охридската ривиера се очекува поголема исполнетост на помалите хотелски капацитети, за разлика од поголемите. Странските гости нема да се во ист број како минатите години. Се очекува голема исполнетост на приватните сместувачки капацитети и голем број на домашни гости.

Оваа година може да кажеме дека е малку поразлична од минатите години. Централните хотели покажуваат поголема исполненост, а поголемите капацитети имаат доста останати места. Според најавите поголемите капацитети нема да бидат исполнети до максимум според очекувањата. Помалите капацитети во централното подрачје, крајбрежјето се очекува дека ќе бидат исполнени во повисок процент. Странските гости не се во ист број како што беа минатите години. Да, имаме од секаде, но не се во таков број како што беше, за што има повеќе причини. Фактот е дека се во помал број и некој од резервациите што се за понатаму, тие што се прават однапред со месеци. Оваа година нема да ни бидат како минатите години, вели претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски.

За Велгденските празници најмногу се очекуваат гости од соседството, како и од дијаспората. Ќе се чувствува раздвиженост со исполнетост и на приватното сместување, па очекувани се и големиот број домашни гости.

За Католичкиот Велигден најбројни беа гостите од Грција на кои од минатите години како дестинација сме им поактуелни, како и викенд туристите од Србија, Албанија. Присутни перидов се и групите од Турција.

Блажевски посочува дека поскапувањето влијае, па ако треба повеќе средства да се потрошат за основни работи, остануваат помалку за патување, луксуз.

Зборувам за редовни гости, букинзите засега ни покажуваат дека не се како минатите години. Се надеваме дека тоа може да се искорегира, дека е сеуште рано да се зборува за летните месеци, можеби во последен момент ќе се сменат некои нивни планови. Новите воведени авиолинии се очекува да го зголеми бројот на гости, но истите да речеме од Словачка повеќе ќе ги користи нашата дијаспора. Не станува збор за чартер линии кои би биле полни, туку летови на неколку дена кои би биле некаде половина исполнети со туристи.

Во однос на туристите од Скандинавските земји за претстојнава туристичка сеозна се очекува некое зголемување, иако вели Блажевски и немавме и претходно некоја значително голема бројка.

Во разговори со други лица од туристичката фела очекувањата се дека поради војната може да имаме некој поголем прилив бидејќи се избегнуваат дестинациите како Турција, Египет, па може да дојдат накај Балканот. Но, сеуште немаме некои поголеми најави за тоа. Ние сме отворени да видиме што ќе може да се извлече од целата ситуација. Поскапувањето на горивата влијае на поскапување на превозот, зголемување на цените, а цените на пазарот не може да се подигнат, зошто истиот не дозволува да се креваат цените на хотелските, ресторанските услуги… Оваа година ќе имаме повисоки трошоци сигурно за 15% и ќе се работи за помали заработки, со што би дошло до едно порамнување. Тоа што се збореше минатите години дека Охрид е скап, оваа година би дошло до порамнување и нема да биде скап како што се зборуваше, туку ќе се навикнат луѓето на тие повисоки цени, додава Блажевски.

Н.С.Ј.