Поради настанат дефект на главниот цевковод со профил од 450 мм, денес од 09:40 часот без вода ќе бидат корисниците од високата зона и тоа: с.Лескоец, с.Горно Лакочереј, с.Велгошти, „1-ва Македонска Ударна Бригада“ и „Андреа Јованоски“, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување на санацијата.

OhridNews