Италијанскиот конзул во Македонија, бил повреден во сообраќајката што се случи денеска околу планде во близина на планискиот превој Стража, јавува „Дневник“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на кои се повукува весникот, во сообраќајната несреќа учествувало дипломатското возило „ситроен ц4“ на конзулот и „ситроен“ со охридски регистерски таблички, кој го управувал 38-годишниот М.Л.
Во дипломатскиот автомобил, покрај конзулот се наоѓало и лицето И.Л. Покрај конзулот во сообраќајната несреќа со повреди се здобило уште едно лице. Полицијата на местото на несреќата извршила увид.
извор: „Дневник“