Повторно деградирани јавните површини во населбите Воска и Даљан од несовесни поединци, реагираат од ЈП Охридски Комуналец.

Мапирани се диво создадени депонии на 6 локации во овие населби од каде се подигнат 55 м3 кабаст и зелен отпад, посочуваат.

Воедно, апелираат до граѓаните да покажат поголема одговорност во зачувување на животната средина, додавајќи дека секое депонирање на отпад на несоодветни локации ќе биде санкционирано.

OhridNews