Поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за останатите граѓани се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните (останати домаќинства), за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2026 година, соопшти локалната самоуправа.
Поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, пред два дена беше прекинат и јавниот повик за субвенционирање на набавка на инвертер клими и за ранливите категории граѓани (лица со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства, пензионери….).
Оваа година за набавка на инвертер клими за граѓаните, во двете категории, Општина Охрид во буџетот предвиде вкупно 1,5 милиони денари.
Г.М.













