Поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за ранливите категории граѓани (лица со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства, пензионери….) се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2026 год, а за останатите домаќинства јавниот повик се уште трае се до исцрпување на средствата, информираат од Општина Охрид.

Вкупната вредност за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување инвертер клими согласно Јавниот повик изнесува 1.500.000,оо денари од кои 750.000,оо денари предвидени за домаќинства кои имаат лице со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства, пензионери (корисници на старосна пензија, инвалидска пензија и семејна пензија во висина до 30 000 денари по пензионер, односно за сопружници пензионери вкупно до 60 000 денари) и семејства кај кои вкупниот месечен приход не надминува 2 минимални плати, додека за останатите домаќинства предвидени се останатите 750.000,оо денари. Во вкупниот износ на предвидени средства е вклучен и персоналниот данок на доход. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Охрид.

Субвенцијата на домаќинства кои имаат лице со попреченост, за самохраните родители со малолетни деца или студенти како и за згрижувачките семејства, пезионерите (корисници на старосна пензија, инвалидска пензија и семејна пензија во висина до 30 000 денари) и семејства кај кои вкупниот месечен приход не надминува 2 минимални плати изнесува 65% од вредноста на набавениот уред но не повеќе од 20.000,оо денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Субвенцијата за останатите домаќинства изнесува 50%, од вредноста на набавениот уред но не повеќе од 15.000,оо денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 29 април 2026 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

OhridNews