Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид во чии рамки твори Охридскиот театар за оваа година ќе реализира четири детски претстави насловени со работен наслов „Куфер театар“.

Премиерата на претставата со наслов „Кловн” во режија на Ѓорги Ризески, текст на Кристина Тодороска Петреска по мотиви на „Се бара стар Кловн” од Матеј Висниек ќе биде одиграна на 24.05.2026 година (недела) со почеток во 12:00 часот.

Во претставата играат актерите од Охридскиот ансамбл Андријана Тодороска Билаловиќ Павел Маслов и Билјана Велјаноска Билаловиќ костимографијата и дизајнот се на Моника Гачева.

Карти, по цена од 200 денари во продажба се на билетарата при Ценарот за култура. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 10:00-12:00 часот на денот на изведба на претставата.

OhridNews