Премиерот Мицкоски и министерот Љутков на промоција на целосната санација на Музејот на вода кај Градиште
12.07.25 09:05
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков денес ќе присуствуваат на промоција на целосната санација на Музејот на вода, наколна населба во Заливот на Коските во Охрид.
Оваа активност е дел од пошироката стратегија за поддршка на културното наследство и развој на туризмот во Охрид.
Министерот Љутков пред година дена при посетата на Музејот на вода најави реконструкција и модернизација на оштетениот систем за наводнување, повторно ставање во употреба на терасата пред музејската зграда за да може да се обезбеди пријатен престој за посетителите, санација на платформата на наколната населба и на кровните покриви од колибите, а се како што тогаш посочи во насока овој уникатен Музеј да го врати стариот сјај.
Инаку, Музејот на вода во Градиште е најпосетуван локалитет, по кој следат Самоилова тврдина и Музеј Куќата на Робевци.
На 25 ноември, во денот кога го празнуваме споменот на св Јован Милостив и преп Нил Постник и во денот кога се навршуваат две години од упокојувањето на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, во ман...
На денешниот тендер за набавка на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во периодот јануари – декември 2027 година, ЕВН Хоме, како Универзален снабдувач со ел...
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид з...