Претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 km/h.

Во Охрид времето денес претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за дожд. Максималната температура до 24 степени.

За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град. Денес и утре ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 60 km/h.

OhridNews