На 23.03.2026 во 19:45 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга лишија од слобода 19-годишно лице и неговиот 15-годишен брат поради пстоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

При претрес во нивниот дом во Струга, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени пиштол „Dessert Lort“ калибар 9 мм и празна рамка за пиштолот, кој го поседувале без дозвола и за кој малолетникот изјавил дека родителите не биле запознаени, информираат од МВР.

На 23.03.2026 во 17:00 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за крииналистички работи Кичево лишија од слобода 52-годишно лице од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 23 парчиња муниција со калибар 9 мм.

На 23.03.2026 во 16:35 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 37-годишно лице од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е и одземена марихуана, посочуваат од МВР.

За настаните, додаваат, се известени надлежни јавни обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews

фото. МВР