Претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле повторно на репертоарот на Народен театар Охрид вечерва со почеток во 20.00 часот.

Парите се отепувачка спаѓа во класиците на македонската драматургија и како таква секогаш е подложна за нови сценски прочити. А тоа е можно затоа што темата е секогаш универзална: Која е жртвата што ја прави оној што оди на печалба, но и која е жртвата на семејството кое останува и чека печалбарот да се врати? Дали вреди животот да се стави на пауза заради соништата на семејството? Дали изгубеното време се надоместува со било кои пари? Низ овие поставени прашања се обидовме да направиме античка трагедија низ македонскиот мелос од битовата драма на Ристо Крле, велат од Народен театар Охрид,
Картите по цена од 300 денари може да се набават на билетарата на Центарот за култура од 13:00-20:00 часот.
OhridNews












