Претставата „Перфектни странци“ на учениците од Драмската секција при ОСУ „Свети Климент Охридски“ ја исполни салата во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со смеа, тишини што зборуваат повеќе од зборови и моменти што директно допираат до срцето.

Публиката помина низ вистински емотивен ролеркостер — од гласна смеа до длабока замисленост.

Особено сме горди што токму актерите од нашата гимназија ја донесоа оваа приказна на сцената со неверојатна искреност, енергија и зрелост што ја воодушеви публиката. Еден телефон. Седум пријатели. Без тајни… или така мислевме. И токму кога вистината почна да се открива, сцената се претвори во огледало во кое сите се препознавме. Вечер исполнета со силни реакции, искрени емоции и долг, заслужен долг аплауз… Доказ дека театарот сè уште има моќ да нè разниша, обедини и натера да размислиме, велат од Гимназијата.

Синоќа, додаваат, не беше само претстава — беше искуство што ќе остане долго по последниот аплауз.

OhridNews