На еден британски тинејџер електричен шок со јачина од 25 000 волти го фрлил од железнички надвозник на пруга.

Тинејџерот од надвозникот е исфрлен осум нетри пониско, а неговите пријатели веднаш повикале служба за помош која ја известила заедничката мрежа да го запре сообраќајот помеѓу Манчестер и Виган, пренесува „Дејли Меил“.


Сем Канигем, 16, се наоѓа на лечење од тешките изгореници, а експертите мислат дека е „вистинска среќа што преживеал“. Сем на надвозникот отишол по топката, кога се случил струен лак помеѓу жицата за напојување и металот кој го имал на чизмите. Од јачината на струјниот удар паднал во несвест, а облеката му горела.

-Целата коса му е изгорена и чадеше од завоите кои му беа ставени на нозете. Не можам да верувам дека преживеа – изјавила неговата 40-годишна мајка.