На 13.05.2026 во 16:35 часот на улица „Илинденска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 39-годишно лице од Охрид.

Тој се сомничи дека во периодот од 12:30 до 13:30 часот во Охрид со употреба на сила од 28-годишна жена од Германија одзел мобилен телефон. Откако бил спроведен во Полициската станциа Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и задржан, информираат од МВР.

Подоцна, посочуваат, со судска наредба, во периодот од 20:40 до 22:20 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории во Охрид.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, семки од растението канабис, стебло од растението канабис и други предмети погодни за одгледување на канабис, велат од МВР.

Додаваат дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинтиел против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews