На 18.03.2026 во 02:35 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 31-годишно лице од Скопје и 30-годишно лице од Охрид.
Тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улица „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички нападнале 52-годишно лице од Охрид. 41-годишна жена од Охрид успеала да го заштити 52-годишникот и откако двајцата влегле во незјиниот стан лицата повторно го нападнале, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Напаѓачите си заминале од станот кога таа повикала полиција, по што 52-годишното лице забележало дека од паричникот му фалат пари и личен накит, информираат од МВР.
Посочуваат дека напаѓачите се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews













