Со богослужба и света архиерејска литургија со која чиноначалствуваа митрополитите на акедонската православна црква Охридска Архиепископија: Петар, Георгиј и Климент, утрово во манастирот Св. Недела во с. Оровник, охридско, продолжи чествувањето на светителката чии мошти за прв пат беа донесени во храмот посветен на неа.

И денеска бројни верници го посетија манастирот Св. Недела и поклонија пред нејзините мошти.

Вчера се одржа свечена литија на која присуствуваа голем број верници од целиот регион и пошироко.

Овој свет чин се реализира на иницијатива на Црковниот одбор при манастирот „Св. Недела“ во Оровник, семејството Нелоски, свештенството од Дебарско-кичевската епархија, со благослов на митрополитите г. Георгиј и г. Петар и поддршка на локалната заедница, Општина Дебрза и бројни помагатели.

Света Великомаченица Недела е почитувана христијанска маченичка од III век, симбол на непоколеблива вера и духовна истрајност, која страдала за Христа и оставила силно сведоштво што и денес ги инспирира верниците.

Манастирот „Св. Недела“, сместен над селото Оровник, со децении претставува место на силна духовна традиција и собиралиште на верници, особено на празникот посветен на светицата. Со носењето на нејзините мошти, традицијата добива нова димензија.

Фото галерија: 

 

Продолжуваат чествувањата на Св. Недела во Оровник: Голем народ и митрополити на МПЦ ОА се поклонија пред моштите нма светителката

Г.М.