Продолжува периодот на променливо облачно и посвежо време, денеска со сончеви периоди, но и со можност за врнежи од дожд претежно во крајните западни и источни региони. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец (наместа над 60 km/h).

Максималната температура во Охрид денеска ќе достигне 16 степени.

Променливо облачно  време со сончеви периоди не очекува и во понеделник. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.  Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 – 13 степени, а максималната од 17-25 степени, информира УХМР.

Г.М.