Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура до 11 степени.

Во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во снег. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец, а од петок ќе дува северен ветер. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

OhridNews