Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 12 степени.

Во среда и во четврток ќе преовладува стабилно и суво време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Од четврток ноќта до крајот на викендот под влијание на циклонска активност, следува период на нестабилно време со локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во четврток и петок претпладне ќе дува засилен ветер претежно од јужен правец.

OhridNews