Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
OhridNews













