Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утре утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Од утре ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник, долж Повардарието ќе достигнува брзина од 60 km/h. Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.
OhridNews













