Претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

До почетокот на викендот ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во петок и сабота ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Во вторник ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 60 km/h.

OhridNews