Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
OhridNews













