Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Од крајот на денешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

OhridNews