Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Република Македонија, во март 2012, изнесува 21.081 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 30.876 денари, објави Државниот завод за статистика. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2012 година, во однос на март 2011 година, изнесува 102,4.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации за 55,9 отсто, Стручни, научни и технички дејности со 16,8 отсто и Градежништво за 6,9 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 48 отсто, Градежништво за 14,8 отсто и Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,9 отсто.

Во март оваа година два отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2012 година, во однос на март 2011 година, изнесува 102.2. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации за 49,2 отсто, Стручни, научни и технички дејности за 13,9 отсто и Земјоделство, шумарство и рибарство за 6,7 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 43,3 отсто, Градежништво за 14,6 отсто и Земјоделство, шумарство и рибарство за 4,2 отсто.

OhridNews